Активности

Можност за посета на околните места, како Сивири, Афитос, Калитеа, топлите извори на Агиа Параскеви и секако голем број на плажи на полуостровот. Халкидики е поделен на три полуострови. Третиот иако е со геогрфска местоположба во Халкидики, не е дел од него. Тоа е област со светско наследство и автономна политика во Република Грција, Атос е дом на 20 Ставропегиски Православни манастири под директна јурисдикција на Патријархшијата на Константинопол. Денес Грците вообичаено Планината Атос ја нарекуваат „Света Планина“. Во историјата ја нарекувале Атос, а полуостровот Акти. Светата Планина е околу 50км. долга, со широчина 8-12км. а површина од 350км2. Планината Атос е голема планина која го дели просторот на два дела и е со височина 2.033м.

Само на мажи им е дозволен пристап на Светата Планина. Но полуостровот е достапен за секого преку море, користејќи мали бротчиња или луксузни јахти кои се движат преку целиот ден околу полуостровот како дел од организирани екскурзии.

Петралона е мало место на Халкидики. Се наоѓа на 6км. Северозападно од Триглиа и на 35км. Југоисточно од Солун. Познато е по истоимената пештера на само 1км. од селото. Во пештерата Петралона е пронајден еден од најстарите примероци на човечки скелет. Пештерата Петралона, во подножјето на Планината Кацика е пронајдена во 1959год. од локалните жители и тоа сосема случајно, барајќи извори на вода. Во 1960год. во пештерата е пронајден човечки череп, многу добро сочуван кој е стар повеќе од 700.000год. и именуван Archanthropus europaeus petraloniensis. Ова се смета дека е еден од најстарите Европски Хомо Еректус преимероци пронајден во досегашниот период (околу 1.000.000 год.).