Локација

Халкидики е лоциран во централниот дел од областа Македонија, создаден од три полуострови навлезени во Средоземното Море. Грците ги нарекуваат „нозе“ поради нивната специфична форма. Од лево кон десно, првиот полуостров се вика Касандра, вториот Ситонија, а третиот Планината Атос. Планината Атос е автономен регион како дел од полуостровот Халкидики, но не и на регионалната единка.

Како забава за туристите се нудат голем број на активности. Можат да се посетат различни места за забава, историски знаменитости, организирани екскурзии или планински прошетки и посета на многу културни настани кои се одржуваат на различни места во текот на летниот период.

Локалните фестивали се дел од културните настани, кои се посетени од познати пејачи и актери, како од Грција, така и од странство. Големиот број на ноќни клубови, ноќни барови, барови на плажите, ја прават оваа летна дестинација привлечна со својата 24 часовна забава која никогаш не спие. Вклучувајќи ја хармонијата на местото, станува идеална за сите возрасти.


Προβολή μεγαλύτερου χάρτη