За Хотелот

Оваа област е во регионот Македонија и географската местоположба и е на самиот крај од областа Македонија, покрај самото Егејско Море, која навлегува длабоко во него како голем полуостров, формирајќи три помали полуострови со карактеристична форма („нозете на Халкидики“). Првиот полуостров (или „нога“) е наречен Касандра на кој е сместена и плажата Фурка. На само 130м. од песочната плажа е нашиот хотел „Edem Paradise“, комбинација од прекрасни дрва во задниот и море во предниот дел, затоа е именуван „Paradise“ (Рај).

Вашиот летен одмор можете да го поминете во Нашиот хотел во пространите апартмани и во студија за две, три или четири лица. Нашата понуда е: базен за возрасни, но и базен само за деца, џакузи, бар на базенот, место за одмор и дружење, скара, градина, простор за паркинг, бесплатен Wi-Fi и специјално сместување на луѓе со посебни потреби.

Секој апартман и студио имаат тераса со поглед и на море и на планина и се опремени со климатизер, ТВ, Wi-Fi интернет, купатило, фен за сушење коса, фрижидер и целосно опремена кујна со сите потребни садови.

Фурка, добро позната дестинација за туристите, на 105км од Солун, вториот по големина град во Грција. При пристигнувањето во Фурка можете веднаш да го забележите прекрасното сино море, секако ќе ја препознаете и гостољубивоста на локалните жители.

Убавината на природата е една од главните карактеристики на Фурка. Место преполно со зеленило, рај исполнет со различни видови дрва вклучувајќи ги и традиционалните маслинови дрва од кои се произведува и локалниот маслинов зејтин. Како што спомнавме претходно, место во кое се комбинираат планината и морето, комбинација која Ви овозможува мир и релаксација.